19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДомашни народни лекови од кромид

Домашни народни лекови од кромид

Лекува силни главоболки, ја намалува температурата, ја ублажува кашлицата… кромидот може да ви помогне при многу здравствени проблеми.

Кромидот уште многу одамна се користи во кулинарството и свеж и термички обработен. Меѓутоа, покрај тоа што на јадењата им дава посебен вкус и што е неизоставен дел во многу наши специјалитети, тој исто така има и исклучително лековити својства.

Овие народни лекови од кромид ќе ви помогнат во многу ситуации…

Облоги од кромид

Во случај на силна главоболка, отоци или болка во увото, од голема помош ќе ви биде доколку на местото кое ве боли држите облога од ситно исецкан кромид замотан во стерилна газа.

При зголемена температура облоги од кромид држете на нозете.

Сок од кромид

Исецкајте го кромидот на парчиња и ставете го во соковник и исцедете сок од него. Доколку имате проблем со белите дробови, помешајте сок од кромид и лажица мед и земајте ја оваа лековита мешавина два до три пати на ден.

Можете да го спречите губитокот на коса и да го забрзате нејзиниот раст така што на скалпот ќе го втриете сокот од кромидот.

Решете ја упорната кашлица со помош на сокот од кромид кој ќе го разблажите со малку вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП