16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Deutsche Bank“ и „SocGen“ бележат пониски перформанси на новиот тест на ЕБА

„Deutsche Bank“ и „SocGen“ бележат пониски перформанси на новиот тест на ЕБА

„Deutsche Bank“ и „Societe Generale“ се едни од банките со најлоши резултати во тековниот стрес-тест на европските кредитори што регулаторите ќе го имаат предвид кога разговараат за правилата за исплата на дивиденда.

Главниот капитал на „Deutsche Bank“ (CET1), една од најважните мерки за финансиската сила, се намали за 620 основни поени на 7,4% во неповолно сценарио, со продолжен период на ниски каматни стапки и остро намалување на економијата во период од три години. Кај „Societe Generale“ намалувањето е од 562 основни поени на 7,5%. Ова ја покажува проценката на Европскиот банкарски орган (ЕБА).

„„Deutsche Bank“ ја покажува својата издржливост во потенцијална економска криза, дури и во потешко и неповолно сценарио“, рече финансискиот директор Џејмс фон Молтке во изјавата. Тој, исто така, истакна дека растот на профитот во првата половина на 2021-ва година не бил земен во предвид при тестот.

Тестот за ЕБА, кој вклучува 50 банки во регионот, не оценува „поминати“ или „паднати“, туку им помага на Европската централна банка и другите регулатори во одредувањето на потребите за капитал на финансискиот систем, како и во доделувањето дивиденда и бонуси на персоналот. Претходно овој месец, ЕЦБ објави дека економските услови се подобруваат доволно за да се укинат ограничувањата за исплата на дивидендата во септември.

Неповолното сценарио во тестот за ЕБА покажува дека, генерално, повеќето банки се подобро подготвени по пандемија да се справат со тешки економски кризи отколку пред три години. Тие успеаја да акумулираат вкупен сооднос на капитал од 1 степен од 15% на крајот од минатата година – највисок од почетокот на тестирањето. Мерката е намалена на 10,2% во неповолното сценарио, што е малку подобро од последната симулација пред три години.

„Банките продолжуваат да ја зајакнуваат својата капитална база“, се вели во соопштението на ЕБА.

„Ова беше постигнато и покрај невидениот пад на БДП-то на ЕУ и првите ефекти од пандемијата со Ковид-19 во 2020-та година“, се вели во текстот.

Регулаторот, исто така, посочува дека постои несовпаѓање во индивидуалните перформанси на банките, при што најпогодени се доверителите кои се фокусирани на локалната активност или оние со помал приход од камати.

За „Deutsche Bank“ и „Societe Generale“, резултатите претставуваат нагло намалување во споредба со некои претходни тестови. Односот „CET1“ на „Deutsche Bank“ беше 8,1% од тестот во 2018-та година и 7,8% во 2016-та година. За „SocGen“, соодносот беше 7,6% и 7,5% од тестовите во соодветните години. Според правилата за капитал во зоната, банките мора да одржуваат минимален сооднос „CET1“ од 4,5% плус други бафери, што може да се прилагоди од регулаторите доколку е потребно.

Најстарата банка во светот – италијанската „Banca Monte dei Paschi di Siena“, објави негативен сооднос од -0,1% во неповолното сценарио, што е најлош учинок меѓу тестираните банки. Кредиторот, кој сѐ уште е во државна сопственост по програмата за спас, во моментов е во преговори за купување од „UniCredit“.

„BNP Paribas“, една од банките најтешко погодени од ограничувањата на дивидендата на ЕЦБ, објави пад на односот „СЕТ1“ на 8,2%, малку подобар од оној на „Deutsche Bank“ и „Societe Generale“. Таа е една од десетте најголеми европски банки, кои издвоија повеќе од 22 милијарди евра пред извештајот за вториот квартал за плаќање на акционерите.

Големи резерви имаат и „Banco Bilbao Vizcaya Argentaria“, „ING Groep“, „Intesa Sanpaolo“ и „Nordea Bank Abp“.

ЕЦБ воведе ограничувања за дивидендата за да го балансира регулаторното олеснување за банките наметнато на помошта за заеми поради економските последици од пандемијата на коронавирусот.

Централната банка објави дека ќе ги процени плановите за исплата на капитал и дивиденда на секоја банка одделно, што значи дека дури и ако се укинат ограничувањата, нема да дозволи доверителите сами да одредуваат дивиденда. Резултатите од стрес-тестот ќе бидат вклучени во проценката, рече регулаторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП