19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои го чуваат здравјето на вашите репродуктивни органи

Намирници кои го чуваат здравјето на вашите репродуктивни органи

Храната која ја јадете може да влијае на здравјето на вашите полови органи, истакнуваат нутриционистите.

Одредени намирници можат да воспостват рамнотежа на pH вредноста на вагината и да го „зачинат“ сексуалниот живот, објаснува австралиската нутриционистка Линди Коен.

Грчкиот јогурт, лососот, зелениот чај и лукот се само некои од намирниците кои можат да ви бидат од корист.

За репродуктивното здравје земајте намирници кои се богати со витамините А, Е и Ц кои можат да се најдат во компирот, морковот, доматот, бананата и портокалите.

„Овие витамини ви го зголемуваат либидото, циркулацијата и го олеснуваат постигнувањето на оргазам“, објаснува Коен.

Лукот содржи антиоксиданси кои се важни за здравјето на вагината, додека лососот делува противоспалително и со помош на омега 3 масните киселини ги ублажува менструалните болки.

Зелениот чај содржи антиоксиданси кои спречуваат воспаление на мочниот меур.

Коен истакнува дека за здравјето на репродуктивните органи би требало да ги избегнувате засладени пијалоци и слатки, како и намирници богати со масти.

„Не ви препорачувам ниту брза храна, пржена храна и сол. Потребни ви се овошје и зеленчук“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП