26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20 годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната независност.

22-годишникот од Скопје, попладнево во Токио го освои сребрениот медал во таеквондо, во категоријата од над 80 килограми.

Пред две децении, борачот Могамед Ибрагимов освои бронза во Сиднеј.

Ривал во финалето на Георгиевски му беше најголемиот фаворит во оваа категорија, репрезентативецот на Русија, Владислав Ларин, од кого загуби со резултат 15:9.

На патот до среброто, Георгиевски најпрвин го победи светскиот првак, Рафаел Алба Кастиљо со 11:8, потоа во второто коло со 9:4 беше поуспешен од Сејду Гбане од Брегот на Слоновата коска, а за пласман во финалето убедливо со 12:6 славеше над Ин Кјо Дон од Јужна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП