28 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Unilever“ објави добри резултати, но ја намали прогнозата

„Unilever“ објави добри резултати, но ја намали прогнозата

„Unilever“ објави раст на продажбата повисок од предвидениот за второто тримесечје и првото полугодие, бидејќи потрошувачите готвеа повеќе дома, но ја намали прогнозата за годишната работна маржа поради зголемувањето на трошоците за суровини.

Продажбата на производителот на сапуни „Dove“ и мајонезот „Hellmann’s“ порасна за 5 проценти во трите месеци што завршија на 30-ти јуни, надминувајќи го зголемувањето од 4,8 проценти што го очекуваат аналитичарите.

Приходите од продажба за првата половина од годинава се за 5,4% повисоки од претходната година и се над предвидувањата. Покрај тоа, се покажа дека тие се над среднорочната цел за раст од 3-5%.

Компанијата сега соопшти дека очекува годишната работна маржа да остане непроменета.

„Unilever“ забележа силно прво полугодие, со 5,4% раст на приходите од продажба, поддржано од нашиот континуиран фокус на оперативните перформанси“, рече извршниот директор Алан Џоуп, додавајќи дека компанијата чувствува притисок од зголемувањето на инфлацијата.

Резултатите на компанијата беа објавени во време на контроверзии околу одлуката на американската подружница „Ben & Jerry’s“ за запирање на продажбата на сладолед во окупираните палестински територии, што предизвика реакција против брендот во Израел.

Започнувањето на вакцинациите против коронавирусот, повторното отворање на развиените економии и помош од американската влада за скоро 6 трилиони долари откако избувна пандемијата, ја поттикна побарувачката за сè, од автомобили до храна од ресторани, затегнувајќи ги синџирите на снабдување, создавајќи недостаток на работна сила и зголемени цени на стоките.

Заработката на компанијата по акција достигна 1,33 евра во првата половина од годинава, исто така, надминувајќи ја просечната прогноза од 1,24 евра. Оперативната маргина се намали за 1 процентен поен, под падот од 1,2 процентен поен што го очекуваат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП