16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Autoliv“ објави квартален профит, но ги намали насоките за 2021-ва година поради...

„Autoliv“ објави квартален профит, но ги намали насоките за 2021-ва година поради чиповите

Шведската компанија „Autoliv“, најголемиот светски производител на воздушни перничиња и безбедносни ремени, објави висок оперативен профит во вториот квартал, но сепак ги намали своите упатства за целата година, бидејќи недостигот на компоненти го убива темпото на производство на автомобили.

„Autoliv“ објави оперативен профит од 164 милиони долари, во споредба со оперативната загуба од 234 милиони долари во истиот квартал пред една година, кога многу производители на автомобили го прекинаа производството неколку недели поради пандемијата на коронавирусот.

Вкупните приходи од продажба на „Autoliv“ се зголемија за 93% на 2 милијарди долари, а компанијата оствари нето профит од 105 милиони долари во споредба со загубата од 174 милиони долари пред една година.

Приходите од продажба на воздушни перничиња се зголемија двојно на 1,3 милијарди долари, додека бизнисот со појаси објави раст на приходите од 81% на 712 милиони долари.

„Autoliv“ е првиот глобален добавувач на автомобилските компании што ги објави своите финансиски резултати за вториот квартал. Некои други големи добавувачи се очекува да го сторат истото во следните неколку недели.

Извршниот директор Микаел Брат посочува дека послабото производство на патнички возила од очекуваното ја зголеми продажбата и профитабилноста на компанијата во текот на кварталот.

„Неможноста да се направи добра проценка на овие промени не спречува ефикасно да користиме принудно отсуство за да ги ублажиме ефектите од помалата побарувачка на клиентите“, рече Брат.

„Иако ситуацијата се подобри кон крајот на кварталот, сепак очекуваме нарушувањата во снабдувањето да имаат негативно влијание (врз производството на автомобили) во третиот квартал, со одредено подобрување во четвртиот квартал“, додаде тој.

Брат за Ројтерс изјави дека има неколку јасни знаци дека недостатокот на чипови ќе биде надминат во блиска иднина.

„Нашата најдобра проценка во моментов е дека вториот квартал е најлошата точка на овој предизвик. Тешко е да се предвидат точните граници на овој проблем, но не би исклучил дека ќе има некои влијание и во 2022-ра година“, рече Брат.

Профитот од 164 милиони долари заостанува во однос на просечната прогноза на аналитичарите за профит од 186 милиони долари.

„Autoliv“ се наоѓа на 31-то место на списокот на „Automotive News“ на 100 најголеми снабдувачи во светот со приход од продажба од 7,4 милијарди долари до 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП