28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Just Eat Takeaway“ очекува да ја подобри својата профитабилност

„Just Eat Takeaway“ очекува да ја подобри својата профитабилност

Европската компанија за достава на храна „Just Eat Takeaway.com“ објави дека очекува нејзината профитабилност да се подобри откако извести скок од 51% во вкупните нарачки за првите шест месеци од 2021-ва година, пишува „CNBC“.

Извршниот директор Ице Гроен рече дека очекува прилагодената заработка пред оданочување, такси, камати и амортизација (EBITDA) да порасне по купувањето на „Grubhub“ во Соединетите држави. Договорот беше објавен на почетокот на оваа година и вреди 7,3 милијарди долари.

Скокот на нарачките, кој е прилагоден да ја земе предвид аквизицијата на „Grubhub“, бележи пораст од 42% во однос на минатата година, по ограничувањата поради Ковид-19 и зголемената побарувачка за услуги за достава на храна.

Нарачките во Европа пораснаа за 61% во првата половина од оваа година. Компанијата малку ја зголеми прогнозата за растот на оваа продажба на над 45% за цела 2021-ва година.

Од „Just Eat Takeaway“ велат дека ќе продолжат да претпочита зголемување на својот удел на пазарот отколку оперативниот профит, иако очекуваат да се подобрат маржите во наредните месеци.

Компанијата очекува дека бруто вредноста на нејзините трансакции во оваа година само за „Just Eat Takeaway.com“ ќе биде во опсег од 28 до 30 милијарди евра.

Во исто време, компанијата потврди дека има намера да одвои време за да избере оптимални места за котација – нешто што го гледа на долг рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП