27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 причини да јадете овесна каша

5 причини да јадете овесна каша

Го штити срцето, помагаа при слабеењето…

Се јаде на 100 начини

Овесот и производите од овес како што е овесната каша или овесните снегулки се исклучително здрави но и поволни намирници. Ако мислите дека овесната каша се јаде само за појадок, не сте во право. Таа може да се меша во речиси сите јадења, како прилог, додаток во варивата или салатите, со јајцата или пак во разните слатки верзии. Може да биде и основа на здравиот десерт, како колачите од овес и сл.

Го намалува холестеролот

Богата со здрави влакна, овесната каша има својства за врзување на мастите за себе и на тој начин влијае на намалувањето на нивото на лошиот холестерол во крвта. На тој начин го штити и здравјето на срцето и крвните садови и го намалува ризикот од појава на срцев и мозочен удар.

Сојузник во слабеењето

Влакната кои ги содржи овесната каша делуваат така што го зголемуваат волуменот на одделни количини во нашиот дигестивен систем, поради што по овесната каша долго време ќе бидете сити. Освен тоа, благодарние на влакната се стимулира дигестивниот систем и се поттикнува метаболизмот, па затоа е идеална храна за сите кои сакаат да ослабат.

Го намалува притисокот

Од сите јадења со кои можете да го стабилизирате притисокот, овесната каша е една од најмоќните намирници. Делотворната состојка во овесната каша е лигнан, растително влакно, а истражувањата покажале дека со редовно консумирање притисокот може да се намали и до 30 проценти.

Го намалува ризикот од рак

Намирниците од цели зрна, вклучувајќи ги и овесните снегулки, го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево, покажа истражувањето објавено во магазинот „British Medical Journal“. Освен тоа, студиите покажале дека овесот го намалува и ризикот од рак на дојка, простата и јајници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП