19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМузиката делува терапевтски – го поттикнува памтењето и придонесува за подобро расположение

Музиката делува терапевтски – го поттикнува памтењето и придонесува за подобро расположение

Музиката и пеењето имаат позитивно влијание врз когнитивните и емоционалните способности и придонесуваат за подобро расположение, тврдат финските научници.

Слушањето музика или пеењето на ведри песни го подобруваат памтењето и влијаат врз урамнотеженоста на емоциите, тврдат стручњаците од Универзитетот во Хелсинки.

Деветмесечното истражување го спровеле врз 89 парови кои ги поделиле во две групи. Во парот биле по еден член од медицинскиот персонал и еден пациент што боледувал од блада до умерена деменција.

Првата група учествувала во десетдневна музичка програма, при што учесниците пееле и слушале претходно познати песни. Втората група продолжила со извршување на вообичаените активности, а по девет месеци пациентите биле подложени на невропсихолошко тестирање и проценка на расположението.

Резултатите покажале дека музичките активности кај учесниците на истражувањето во првата група влијаеле врз подобрување на нивните когнитивни способности, како работно памтење, способноста за ориентација и извршување на работните задачи. Истовремено, симптомите на депресија кај сите пациенти биле значително ублажени, кај некои и поефикасно отколку за време на стандардниот начин на лекување.

Бенефитот од уживањето во пеењето бил поголем кај пациентите помлади од 80 години и оние со блага деменција, а бенефитот од слушањето музика бил позначителен кај лицата со потешка деменција.

Обете музички активности влијаеле врз подобрувањето на состојбата на пациентите со полесна когнитивна дефициенција и кај оние што боледувале од Алцхајмерова болест.

Музиката можеме да ја сметаме како алтернативна терапија што овозможува стимулација на когнитивните и емоционалните способности, но и придонесува за социјалниот бенефит на постарите луѓе заболени од пореметување на способноста на памтење, заклучиле финските научници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП