Израелците оправдано се горди на напитокот кој според многумна е најосвежителниот летен напиток на светот. Еве како да го подготвите и вие со цел да се освежите и уживате во топлите денови.
Името “лемонана” настаналo со спојувањето на два хебрејски зборови “limon” и “nana”, а преведувач секако не ви е потребен за да сфатите што значи ова на македонски. Ова е оригиналниот израелски рецепт….
Потребни состојки:
За две големи чаши или еден литар лемонана, потребни ви се 4 лимони со средна големина, полна рака свежи листови од нане, 3 лажици шеќер и 3 големи шолји мраз.
Наместо шеќер (доколку го избегнувате) можете да се одлучите и за поздрава верзија со мед или агава сируп.
Подготовка:
Исцедете ги лимоните и сокот ставете го во бокал. Додадете ги листовите од нане и шеќерот растворен во половина чаша врела вода. На крајот додадете го и мразот во бокалот, добро промешајте и уживајте.

Мали тајни:
– Лемонаната е поубава ако барем еден час отстои во фрижифер.
– Вкусот е многу поинтензивен ако сите состојки се стават во блендер и добро се измешаат.
– Ако немате свежо нане, употребете кесичка чај. Не е исто, но може да послужи.
– Вкусот е фантастичен и со лимета, помладиот роднина на лимонот.