6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПод стрес сте? Имате паничен напад? Оваа вежба ќе ви помогне да...

Под стрес сте? Имате паничен напад? Оваа вежба ќе ви помогне да се опуштите!

Веројатно многу пати сте го слушнале советот дека кога ќе се најдете среде паничен напад или сте под стрес треба да вдишете длабоко. Дали оваа техника навистина помага?

Да, но кога говориме за длабоко дишење, се мисли на дишење од дијафрагмата (големиот мускул веднаш под белите дробови). Кога навистина длабоко вдишувате, белите дробови се шират, дијафрагмата се поместува кон долу, а вашиот стомак се шири додека белите дробови се полнат со воздух.

Ова не е само добра техника за смирување на напнатоста, туку, како што покажаа и истражувањата, може да им помогне на лицата кои што патат од болести поврзани со потешкотии при дишењето, како што е емфиземата.

Дијафрагмалното дишење може моментално да ве смири. За спортистите и тркачите оваа техника е исклучително корисна бидејќи помага да се внесе многу повеќе кислород во текот на физичката активност, а со тоа да се спречат вртоглавиците и мачнините.

Ако не сте сигурни дали сте вдишале доволно длабоко, проверете го тоа со помош на оваа вежба:

Почнете така што ќе легнете на подот, а на вашиот стомак ќе ставите некакво списание. Проверете дали сте го ослободиле целиот воздух од белите дробови издишувајќи во целост а потоа полека подигнувајте го списанието така што ќе вдишувате. Вдишете пет долги, длабоки вдишувања. Издишувајте на ист начин, одбројувајќи од пет до нула додека списанието постепено се спушта кон долу. Можете да ја користите и раката наместо списание.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП