Германскиот инженерски гигант „Siemens“ објави дека во првиот квартал од својата фискална година, забележал пад на добивката и нарачките.
„Во неизвесното економско опкружување, ние солидно ја започнавме нашата фискална 2013 година“, утврди извршниот директор Питер Лоешер. Тој предупреди дека во остатокот од годината, состојбата на светската економија нема да биде од голема помош за постигнување на амбициозните цели.
Така, во периодот од октомври до декември, последниот квартал од фискалната година, компанијата забележала пад на новите нарачки за 3,0 проценти, на 19,141 милијарди евра. Приходите сепак се зголемија за два проценти, на 18,128 милијарди евра, но нето добивката е намалена за 12 проценти, на 1,214 милијарди евра.
Во „Siemens“ ја потврдија прогнозата за цела фискална година. Тие очекуваат умерен раст на нарачките и приходите, според нивото на фискалната 2012 година. Годишната добивка би требала да се движи во опсег од 4,5 до 5,0 милијарди евра.