1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„United Airlines“ преговара за купување на 100 „Boeing 737 MAX“

„United Airlines“ преговара за купување на 100 „Boeing 737 MAX“

Американската авиокомпанија „United Airlines“ преговара за купување на околу 200 авиони со тесно тело, вклучително и потенцијално 100 „Boeing 737 MAX“, тврдат неименувани извори во секторот.

Преговорите се совпаднаа на време со напорите на „Boeing“ да ја зголеми продажбата на „737 MAX“ по двете тешки несреќи во 2018-та година, во кои загинаа 346 лица. Авионот последователно беше приземјен и вратен на работа кон крајот на минатата година по измените.

Од друга страна, „United Airlines“ сака да ја обнови својата флота со оглед на растот на бројот на патувања во САД, пишува „Bloomberg News“.

Два извори изјавија дека нарачката може да вклучува 150 примероци на „MАХ“, а во извештајот исто така се наведува дека „Boeing“ на некои клиенти им нуди големи попусти, намалени авансни плаќања и други стимулации кои можеби нема да бидат достапни откако ќе се нормализира глобалниот воздушен сообраќај.

Од „Boeing“ и „Airbus“ рекоа дека не сакаат да коментираат за разговори со клиентите. „United Airlines“ одби да ги коментира информациите за нарачката.

„Во моментов немаме договор ниту со „Boeing“, ниту со „Airbus“ за купување нови авиони и не коментираме за шпекулациите за нарачки на авиони“, рече портпаролот на авиокомпанијата.

Резервациите за летови во САД се очекува да закрепнат во оваа година, благодарение на вакцинациите на граѓаните против Ковид-19 и олеснувањата на ограничувањата што сериозно го погодија секторот за патувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП