24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо со гол број 104, Португалија лесно го победи Израел

Роналдо со гол број 104, Португалија лесно го победи Израел

Кристијано Роналдо го постигна својот 104. гол за португалската репрезентација за да се доближи на само пет гола од вечниот рекорд и да помогне при 4:0 победата над Израел во последниот подготвителен меч пред ЕУРО 2020.

Достигнувањето на ѕвездата на Јувентус го носи на само пет гола од апсолутниот репрезентативен рекорд на Иранецот Али Даеи, кој во кариерата има 109 гола за својата репрезентација. Со успешен настап на ЕУРО, каде што се во „пеколната“ група со Германија, Унгарија и Франција, рекордот може да биде достигнат и поминат ова лето.

Бруно Фернандеш ги донесе Португалците во водство во 42. минута од мечот, за само две минути подоцна да му асистира на Роналдо за 2:0. Жоао Кансело во 86. минута зголеми на 3:0, пред Фернандеш да даде уште еден гол за убедлива победа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП