26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМејвејдер не успеа да го победи „Ју-тјуберот“

Мејвејдер не успеа да го победи „Ју-тјуберот“

Флојд Мејвејдер, легендарниот боксер, кој во кариерата забележал 50 победи во исто толку борби, не успеа да го победи „Ју-тјуберот“, Логан Пол. Егзибициската борба се одржа на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.

Според договорот, Мејвејдер и Пол боксуваа осум рунди, без судија во рингот. „Ју-тјуберот“ успеа да ги издржи сите осум рунди против легендарниот боксер, кој по мечот, признал дека Пол бил многу подобар од она што тој очекувал да го види.

Двајцата боксери, вкупно упатија 73 удари, најголемиот дел од нив ги упатил Мејвејдер, во телото или главата на 16 килограми потешкиот Пол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП