19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНеколку причини поради кои е добро да пиете пиво

Неколку причини поради кои е добро да пиете пиво

Пивото е алкохолен пијалок кој често се пие, обично со одреден вид на храна, а најмногу се консумира во Европа и САД. Пивото има повеќе протеини и Б витамин од виното, а како антиоксиданс може да му парира на виното бидејќи содржи флавоноиди, кои го намалуваат оксидативниот стрес.

Пивото содржи и минерали важни за здравото функционирање на метаболизмот:

1. Пивото ги одржува бубрезите здрави

Најновите студии покажале дека пивото навистина е добро за бубрезите и дека секоја испиена чаша или шише го намалува развојот на камења во бубрезите за 40 проценти.

2. Пивото го намалува лошиот холестерол

Влакната од пивото помагаат во крвта да се намали нивото на LDL холестеролот (т.н. лош холестерол).

3. Со пиењето на пиво се зголемува внесот на Б витамини (Б1, Б2, Б6 и Б12)

Истражувањата покажале дека луѓето кои пијат пиво имаат 30 проценти поголем удел на витамин Б6 во организмот од личностите кои воопшто не консумираат пиво. Исто така, пивото е драгоцен извор на витамин Б12.

4. Пивото допринесува за цврстина на коските

Студиите покажале дека зголемениот удел на сицилиум во пивото придонесува за цврстина на коските.

5. Тоа е добро против несоница

Лактофлавинот и никотинската киселина, кои ги има во пивото, можат да помогнат при несоница.

6. Пивото ја намалува можноста од срцев удар

Според тврдењето на експертите, личностите кои пијат пиво имаат од 40 до 60 проценти помали шанси да добијат срцев удар во споредба со оние кои воопшто не консумираат пиво.

7. Пивото спречува згрутчување на крвта

Експертите наведуваат дека состојките кои ги содржи пивото спречуваат згрутчување на крвта.

8. Пивото го подобрува помнењето

Неодамнешни студии покажале дека љубителите на пиво поретко имаат Алцхајмерова болест и деменција за разлика од луѓето кои не консумираат пиво.

9. Пивото го намалува стресот

Група експерти од Универзитетот во Монтреал откриле дека консумацијата на две чаши пиво го намалува стресот предизвикан од работата.

10. Пивото допринесува за убавина на косата и кожата

Експертите тврдат дека одредени витамини во пивото ја обновуваат кожата и ја намалуваат можноста за појава на хиперпигментациски дамки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП