26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„App Store“ ги олесни трансакциите во вредност од 643 милијарди долари во...

„App Store“ ги олесни трансакциите во вредност од 643 милијарди долари во 2020-та

„Apple“ соопшти дека неговата „App Store“ помогнала во продажба од 643 милијарди долари и други трансакции во 2020-та година, според новата студија нарачана од компанијата и цитирана од „CNBC“.

Сумата е за 24% поголема од минатата година, откако пандемијата со Ковид-19 принуди многу потрошувачи да се свртат кон своите таблети и телефони.

Новите податоци доаѓаат во време кога „Apple“ се соочува со зголемени критики за тоа како заработува од купувањата во апликациите. Таа собира помеѓу 15% и 30% од набавката на софтвер или дигитални производи од апликации дистрибуирани преку „App Store“.

Сепак, програмерите го обвинуваат „Apple“ дека провизијата за „App Store“ е неправедно голема за помалите компании. Неодамна, „Epic Games“ дури поднесе тужба против „Apple“ и пред судот изјави дека продавницата за апликации ја попречува конкуренцијата.

„Apple“ ги негира сите обвинувања и тврди дека „нема доминантен удел на пазарот во ниту една категорија во која работат“. Покрај тоа, неодамна ја намали провизијата за мали бизниси на 15%. Како одговор на тужбата, „Apple“ тврди дека ја создал „App Store“ и во неа поставил правила насочени кон осигурување дека апликациите се со висок квалитет и имаат одредено ниво на безбедност.

Анкетата, спроведена од „Analysis Group“, вклучува и трансакции што ги обработува „Apple“, вклучувајќи платени апликации и купувања во апликации, и набавки и други економски активности во апликациите каде што „Apple“ не е директно вклучен, како што е продажба на реклами во апликации. Во извештајот, исто така, се наведува дека околу 90% од продажбата и наплатата што екосистемот на „Apple“ го посредувал во 2020-та година се случил надвор од „App Store“, што значи дека компанијата не собирала провизија за нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП