1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНутриционистите: Оваа намирница би требало да ја јадете речиси секој ден!

Нутриционистите: Оваа намирница би требало да ја јадете речиси секој ден!

Ви откриваме која намирница нутриционистите ја сметаат за една од најдрагоцените за нашиот организам…

Кога станува збор за намирници кои би требало да ги консумирате секој ден поради бројни бенефити за организмот, сите нутриционисти се согласуваат дека јајцето е најдрагоцената намирница, а еве и зошто:

1. Содржи висококвалитетни протеини кои се исклучително важни, особено во фазата на раст. Протеините од јајцето организмот многу полесно ги апсорбира и подобро ги користи отколку оние кои се содржани во млекото и месото.

2. Жолчката е богата со т.н добри, незаситени масни киселини. Сепак, треба да напоменеме дека јајцето содржи и помала количина на „штетни“, заситени киселини, поради кои не им се препорачува на лицата кои страдаат од зголемен холестерол.

3. Едно јајце од 60 гр содржи 135 мг витамин А, што значи дека е доволно да изедете две јајца за да ги задоволите дневните потреби за овој важен елемент кој ја зголемува отпорноста на организмот и благотворно делува на видот и кожата.

4. Содржи минерални соли (железо, калциум, фосфор и магнезиум) кои се неопходни за нормалното функционирање на организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП