29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНатпреварот Македонија – Словенија на 1 јуни ќе се игра со публика

Натпреварот Македонија – Словенија на 1 јуни ќе се игра со публика

Во знак на поддршка на Македонската фудбалска репрезентација, која првпат се пласира на Европското првенство и која на 1 јуни ќе одржи подготвителен пријателски натпревар, членовите на Владата на седницата донесоа одлука за исклучок од постојната забрана за одржување спортски натпревари.

Ова значи дека подготвителниот натпревар на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје ќе се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините.

За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП