28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРечиси е готов новиот видео портал MixBit

Речиси е готов новиот видео портал MixBit

mixbit-app

Основачите на видеопорталот „YouTube“ се речиси готови со новата интернет страна. Таа се нарекува „MixBit“ и повторно ќе биде насочен кон онлајн видео.

Порталот, меѓутоа, нема да се натпреварува со „YouTube“, барем од гледна точка да биде дестинација за качувањето и споделување на било кое видео. Наместо тоа, тој ќе биде насочен кон зачувувањето на кратки лични видеа кои се делат како видеозаписи. Токму како „Vine“ и „Instagram Video“.

„MixBit“ ќе овозможува снимање на видео со траење до 16 секунди. Тоа е со 10 секунди повеќе во однос на „Vine“ и цела една секунда повеќе од „Instagram“.

Но новата услуга, Чад Харли и Стив Чен нема да се обидуваат да ги привлечат само корисниците со подолги клипови. Наместо тоа страната, кој ќе има и апликации за најпопуларните мобилни платформи и ќе овозможува уредување на видео клиповите.

Корисниците ќе можат да здружуваат неколку клипови во еден. Тие ќе имаат и можност да спојат до 256 клипови во едночасовно видео што ќе го делат на социјалните мрежи. Луѓето дури и ќе имаат право да ги користат и сите јавно споделени клипови во „MixBit“ за своите монтажи.

„Целта на „MixBit“ е да се користи содржината во системот. Сакаме да се фокусираме на прекрасни приказни кои луѓето можат да ги раскажуваат“, коментира Чад Харли.

Услугата ќе стартува официјално наскоро, а покрај интернет страната ќе биде пуштена и апликација за „iOS“ уредите. Набргу потоа сопствениците на „Android“ уреди исто така ќе ја добијат апликација со што ќе можат да ги снимаат и обработуваат клипови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП