8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИталијанскиот регулатор ги казни „Ryanair“, „easyJet“ и „Voloteа“

Италијанскиот регулатор ги казни „Ryanair“, „easyJet“ и „Voloteа“

Италијанскиот регулатор во понеделникот казни три нискобуџетни авио-компании поради нудење кредити, но не и за враќање на средствата, за летовите што минатата година мораа да бидат откажани поради пандемија.

Казните се изречени на ирската „Ryanair“, британската „easyJet“ и шпанската „Voloteа“, а се однесуваат на откажани летови по 3-ти јуни минатата година.

Огранот за заштита од конкуренција, „AGCM“ објави дека овие компании користеле „збунувачки практики“ и им давале на клиентите „збунувачки информации“, што исто така не било доволно јасно за нивните права.

Одлуката за доделување кредити што можат да се користат за последователни купувања на билети им отежнува на патниците да побараат враќање на средствата, според регулаторот.

Со оваа одлука на италијанскиот регулатор „Ryanair“ е должен да плати 4,2 милиони евра, „easyJet“ 2,8 милиони евра и „Voloteа“ 1,4 милиони евра.

„AGCM“ исто така додаде во образложението дека патниците во некои авиокомпании немаат можност да користат бесплатен број ако сакаат да се јават за да ги откупат бодовите за летовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП