3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМистериозна болест се појави во Белата куќа, неколку случаи се испитуваат

Мистериозна болест се појави во Белата куќа, неколку случаи се испитуваат

Бројот на сомнителни случаи од оваа болест во светот се зголемува.

Белата куќа сè уште истражува случаи на мистериозната болест откако двајца официјални лица од Вашингтон доживеаја ненадејни симптоми слични на симптомите на Хаванскиот синдром на крајот на годината. Еден случај се случил во близина на голем овален тревник на јужната страна од Белата куќа, во кој на службено лице одеднаш му се слошило. Имаше само благи симптоми, вклучително и главоболка и несоница, кои исчезнаа по една недела. Друг службеник исто така имаше напад во близина на влезот во Белата куќа, изјавија два извори за Си-Ен-Ен. Од причина што тој претрпе посериозни симптоми, му беше потребна и медицинска помош, велат изворите.

Неколку извори за Си-Ен-Ен изјавија дека болеста е дијагностицирана кај двајца службеници на Советот за национална безбедност во ноември 2020 година, еден случај се појавил еден ден по претседателските избори и уште еден по неколку недели подоцна. Синдромот Хавана погоди повеќе од 100 американски дипломати, шпиони и војници ширум светот. Разузнавачката заедница сè уште не е сигурна кој или што предизвикува бројни симптоми на нервниот систем или, како што велат, може да се наречат „напади“.

Сето ова предизвика голема загриженост. Оваа приказна се заснова на интервјуа со над десетина сегашни и поранешни функционери кои знаеле за напорите на САД да одговорат на овие мистериозни инциденти.

Веќе пет години истражувачите се обидуват да објаснат необични искуства пријавени од американски дипломати и други владини претставници во Куба, Русија, Кина и на други места. Луѓето кои беа погодени пријавиле дека доживеле ненадејна вртоглавица, главоболка и притисок во главата, понекогаш придружени со необичен шум.

Бројот на сомнителни случаи во светот се зголемува. Во изминатите пет години имало повеќе од 130 случаи ширум светот, според „Њујорк тајмс“, кој објави дека најмалку една епизода се случила во странство во последните две недели. Имаше и сомневања за случаи во Европа, објави Си-Ен-Ен. Инаку, симптомите на Хавановиот синдром вклучуваат необични звуци во ушите, проследени со вртоглавица, гадење, сериозни главоболки и губење на меморијата, што во некои случаи може да трае со години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП