12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГранит АД Скопје за првиот квартал оствари добивка од 80 милиони денари

Гранит АД Скопје за првиот квартал оствари добивка од 80 милиони денари

ГД Гранит АД Скопје за периодот Јануари – Март 2021 година оствари позитивни финансиски резултати.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот Јануари – Март 2021 година изнесуваат 728.900 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2020 година бележат намалување за 18%. Намалувањето се должи пред се на фактот дека во првата половина на претходната година се извршуваа неколку проекти кои завршија во текот на 2020 година (експресен пат Штип Крупиште и Гасовод), додека новите започнати проекти се во почетна фаза на изведување. Намалувањето на приходите предизвика и соодветно намалување на расходите на Друштвото.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот Јануари – Март 2021 година се во износ од  725.494 илјади денари,  споредено со истиот период 2020 година бележат намалување за 18% . 

Во периодот Јануари – Март 2021 година, Друштвото оствари консолидирана добивка во износ од 3.406 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 80.267 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 76.861 илјади денари која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во 1 квартал на 2021 година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП