Компанијата „Deutsche Telekom“ ја зголеми прогнозата за профитот за 2021-ва година по силниот перформанс во САД и Европа во првиот квартал – профитот и приходите на групацијата ги надминаа очекувањата на пазарот.
„Ние го одржуваме моментумот и ја продолжуваме нашата успешна историја на раст“, рече главниот финансиски директор Кристијан Аилек.
По зголемувањето на прогнозата за американската единица „T-Mobile“, која веќе ги објави своите резултати, „Deutsche Telekom“ исто така ја зголеми прогнозата за нејзината добивка во Европа.
Компанијата сега очекува прилагодената добивка на групацијата пред оданочување, такси, камата и амортизација по закупот (EBITDA AL) да надмине 37 милијарди евра, а слободниот проток на готовина да надмине 8 милијарди евра.
Претходно, се очекуваше профитот од главната дејност да биде околу 37 милијарди евра, а слободниот проток на готовина околу 8 милијарди евра.
Приходите за првиот квартал се зголемија за 32,3% на 26,39 милијарди евра, надминувајќи ја консензусната прогноза на аналитичарите од 25,595 милијарди евра.
„EBITDA AL“ се зголеми за 41,4 проценти на 9,245 милијарди евра, што исто така ги надминува очекувањата на пазарот.
По отстранувањето на еднократните ставки поврзани со купувањето на „T-Mobile“ на помалиот американски конкурент „Sprint“, кое заврши пред повеќе од една година, приходите се зголемија за 7,1% за квартал, а прилагодената „EBITDA AL“ се зголеми за 8,3% на органска основа.