26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпортинг Лисабон без пораз цела сезона – станаа португалски шампиони по пауза...

Спортинг Лисабон без пораз цела сезона – станаа португалски шампиони по пауза од 19 години!

Спортинг Лисабон, еден од трите „грандес“ големи клубови во Португалија ја прекина низата без титула од 19 години, откако вечерва со 1:0 ја совлада Боависта за да направи недостижна предност пред своите ривали.

Популарните „лавови“, кои во последно време се познати по своите таленти кои ги продаваат (како Бруно Фернандеш во Манчестер јунајтед), имаат 82 поени на врвот на табелата, пред Порто со 74, додека Бенфика е само трета со 70 поени и со малку шанси за пласман во Лигата на шампиони.

Тимот на Рубен Аморим по слабата форма на почетокот на годината, се вратија со четири победи во низа со кои ја потврдија титулата, 19-та во историјата на славниот клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП