Фрижидерот служи за храната да биде свежа и да ги задржи нутритивните вредности. Меѓутоа, постојат намирници кои фрижидерот буквално ги убива. Др. Џозеф Меркол, американски нутриционист и диететичар открива за кои намирници температурата пониска од 5 степени е штетна.
Домати

Претераното ладење ја нарушува конзистенцијата на доматот, неговиот изглед и вкус. Уште поголема грешка е ако во фрижидер чувате незрел домат, бидејќи процесот на созревање во него се запира.
Компир

Комирот се чува на суво и ладна просторија, најдобро во хартија или платнена торба. Ниската температура во фрижидерот скробот кој го содржи комирот го претвора во шеќер. Затоа комирот ја менува бојата и добива сладок вкус.
Кромид

Ниската температура не му пречи на кромидот, но ниту него не треба да го чувате во фрижидер затоа што таму нема постојана циркулација на воздухот. Нечистениот кромид побрзо ќе се расипе во такви услови. Во фрижидер се чува само исчистен кромид, веќе подготвен за упореба.
Лук

Лукот во фрижидер брзо се расипува, и затоа е најдобро да го чувате на суво, темно место, на собна температура.
Банани

Само зрелите банани смеете да ги држите во фрижидер и тоа само неколку дена. Доколку во фрижидер ставите зелени банани, не само што нема воопшто да созреат туку и за брзо време ќе се распиат. А штом ќе ги извадите, веднаш ќе потемнат.
Леб

Интересно е тоа што на лебот помалку му штети ако го замрзнете отколку да го оставите во обичен фрижидер. Многу ниските температури, какви што се во замрзнувачот, спречуваат сушење на лебот, додека температурата од 4 до 6 степени го забрзува тој процес.