25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИКЕА ќе вработува во Хрватска и во Србија

ИКЕА ќе вработува во Хрватска и во Србија

ikea-srbija

Шведскиот гигант за мебел „Икеа“ планира да вработи до 75.000 лица во наредните неколку години, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Шефот на концернот, Микаел Олсон, денеска обелодени дека се изработени планови за отворање на 25 нови трговски центри, а како нови пазари на „Икеа“, меѓу другото, се споменуваат Србија, Хрватска и Јужна Кореја.

Во изминатиот едногодишен период добивката на „Икеа“ забележа пораст од четири проценти и достигна рекордно ниво од 34 милијарди шведски круни (околу четири милијарди евра).

– Никогаш не сме сосема задоволни. Но, се разбира дека со големо задоволство можеме да констатираме оти развојот и понатаму е силен, вели Микаел Олсон за шведскиот весник „Дагенс индустри“.

За разлика од најавената интензивна развојна фаза со отворање 25 нови трговски центри годишно, „Икеа“ во изминатите години отвораше просечно по десетина центри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП