Руската авиокомпанија „Аерофлот“ во јули постигна нов рекорд според бројот на транспортирани патници, таа пренесе вкупно 2,1 милион патници.
Тоа е за 17,4 проценти повеќе од истиот период минатата година.
Така „Аерофлот“ за прв пат во својата понова историја пренесе повеќе од два милиони патници, се наведува во соопштението на компанијата.
Авиопревозникот, границата од еден милион патници прв пат ја премина во април 2011 година и во текот на 2012 година вложи големи напори за постигнување на новиот рекорд, пренесува агенцијата Франс прес.
„Аерофлот“ го завзема првото место во Русија според бројот на транспортирани патници и таа активно го проширува своето работење. Во првата половина од годината компанијата транспортирала 9,5 милиони патници, што е за 20 проценти повеќе од истиот период во 2012 година.
Според стратегијата за развој до 2025 година, компанијата „Аерофлот“ планира да транспортира повеќе од 70 милиони патници годишно, од кои 30 милиони во Русија.
Целта на „Аерофлот“ е да влезе меѓу првите пет авиокомпании во Европа и меѓу првите 20 во светот според бројот на транспортирани патници и остварени приходи.