26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Visa“ го гледа крајот на пандемиските проблеми

„Visa“ го гледа крајот на пандемиските проблеми

Третиот круг на директни стимулации во Соединетите Држави, беа од полза за „Visa“.

Компанијата објави 31% зголемување на обемот на американски дебитни картички на 806 милијарди долари во услови на зголемено купување преку Интернет и директни плаќања на владата на милиони Американци во првите три месеци од годината.

 „Луѓето почнуваат да користат дебитни картички почесто отколку порано во однос на продажбата, како и во повеќе категории пред и за помали трансакции отколку порано“, рече Ванстан Прабу, заменик претседател и главен финансиски директор.

Подобри од очекуваните резултати од дебитниот бизнис на компанијата помогнаа да се зголемат вкупните трошоци за сите картички до 2,4 трилиони долари во кварталот, што е над предвидувањата.

Акциите на компанијата се зголемија за 1,7% пред стартот на последното берзанско тргување. Од почетокот на годината, тие ја зголемија својата вредност за повеќе од 5% – од 9,7% за 75-члениот потиндекс на информатичка технологија на „S&P 500“.

Извесното зголемување на патувањата во странство и помогна на „Visa“, која инаку страдаше од пониските трошоци за картички за време на пандемијата на коронавирусот и ограничувањата на движење.

Според Прабу, „Visa“ оствари зголемување на потрошувачката на американските потрошувачи во Мексико и Карибите над нивото на пред-пандемијата во текот на првиот квартал.

„Потрошувачите сакаат да патуваат“, рече тој.

Генерално, приходите на компанијата паднаа за 2% до 5,7 милијарди долари, што е помал пад од падот од 5,1% што го очекуваат аналитичарите во анкетата на „Bloomberg“.

Извршниот директор Ал Кели посочи дека компанијата се враќа на позитивниот раст на трансакциите со кредитни картички во првите три месеци од годинава, како и во однос на трошоците во продавниците.

„Веруваме дека почнуваме да го гледаме почетокот на крајот“, рече Кели, кој рече дека „закрепнувањето е во тек“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП