7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Maersk“ речиси двојно ја зголеми прогнозата за профит за оваа година

„Maersk“ речиси двојно ја зголеми прогнозата за профит за оваа година

„A.P. Moller-Maersk A/S“, најголемата бродска линија во светот, скоро ја удвои прогнозата за профит за оваа година поради „исклучителното“ опкружување кое се карактеризира со „растечка“ побарувачка за нејзините услуги.

Зголемената прогноза следи по еднонеделната блокада на Суецкиот канал на почетокот на оваа година, што сериозно попречи голем дел од глобалниот синџир на снабдување и ги зголеми цените на товарните контејнери.

Компанија со седиште во Копенхаген, „Maersk“ соопшти дека сега очекува заработката пред каматата и даноците за 2021-ва година да биде во опсег од 9 до 11 милијарди долари. Претходната прогноза беше за 4,3 до 6,3 милијарди долари.

Оперативната добивка се очекува да достигне 13 до 15 милијарди долари. Претходната прогноза беше од 8,5 до 10,5 милијарди долари.

„Силните резултати главно се должат на континуираната исклучителна состојба на пазарот со зголемена побарувачка, што доведува до потешкотии во синџирот на снабдување и недостиг на опрема (контејнери)“, велат од „Maersk“. Поволните услови се очекува да продолжат до крајот на годината, додаваат од компанијата.

Компанијата, која пренесува скоро една петтина од светските контејнери, рече дека побарувачката на глобалниот пазар сега е зголемена за 5-7% во оваа година од 3-5% претходно. Подобрената прогноза „главно се должи на обемот на кинескиот извоз во САД“, се вели во соопштението.

Аналитичарот на „Jefferies“, Дејвид Керстенс, ја повтори својата препорака за купување на акциите, велејќи дека иако пазарот очекуваше „Maersk“ да ја зголеми прогнозата за заработувачката за цела година, новите упатства изгледаа подобро од очекуваното.

Според Керстенс, изгледите се за раст бидејќи „цените на товарните контејнери продолжуваат да растат повеќе од очекувано, достигнувајќи нови рекордни нивоа“.

„Maersk“ ги објави и прелиминарните резултати за првиот квартал. Компанијата објави приход од 12,4 милијарди долари, што е нешто под предвидувањата од 12,61 милијарди долари што ги очекуваат аналитичарите на „Bloomberg.

Блокирањето на Суецкиот канал на почетокот на оваа година ја одложи очекуваната нормализација на стапките на контејнери, што се зголеми за повеќе од двојно во 2020-та година, како резултат на зголемената побарувачка на производи за широка потрошувачка за време на пандемијата.

„Maersk“ треба да ги објави целосните резултати за првиот квартал на 5-ти мај.

Акциите на компанијата се зголемија за 14% од почетокот на годината, откако скокнаа за 42% во 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП