Игнорирањето на овие симптоми може да биде фатално, велат експертите.
Ненадејниот замор со ненадеен пад на тромбоцитите во крвта е исто така симптом на ковид-19 во почетните фази, додека треската и отежнато дишење се развиваат подоцна.
Според медицински експерти, доколку се игнорираат, овие првични симптоми можат да бидат фатални, пишува TimesOfIndia.
„Кај секоја вирусна инфекција се намалува бројот на тромбоцити. Затоа, заморот и исцрпеноста не треба да се занемарат. Тестирајте се за коронавирус“, вели професорот Сантош Кумар од Одделот за респираторна медицина, КГМУ.
Веќе познатите симптоми на коронавирус се слични на грипот, а меѓу новите симптоми лекарите вклучуваат дијареја, црвенило на очите, осип и замор.
Медицински експерти од Лакнау наведуваат дека имало над десетина случаи кога пациентите доживеале екстремен замор, но не се консултирале со лекарите. Откако нивната состојба се влошила, тестот на крвта покажал драстичен пад на бројот на тромбоцити. Пациентот потоа би развил проблеми со дишењето и би умрел без поддршка на кислород, наведуаат експертите.