2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFonterra: Нашето млеко сега е добро

Fonterra: Нашето млеко сега е добро

fontera1

Отстранета е опасноста за зараза од ботулизам преку храната за бебиња за која е употребен концентрат сурутка на новозеландскиот производител на млечни производи „Fontera“.

Директорот на компанијата „Fontera“ Тео Спирингс на денешната конференција за новинарите во Велингтон рече дека, сите залихи на производите за бебиња за кои постои опасност да се заразени се повлечени од странските пазари. Тој додаде дека ризикот на потрошувачите е речиси отстранет.

Спирингс уште еднаш им се извини на потрошувачите за паниката која ја предизвика компанијата.

Тој рече дека 18 тони од концентратот сурутка, кој можеби бил заразен, биле претворени во 2.300 тони храна за бебиња и други производи кои, меѓутоа, успешно биле повлечени од пазарите.

Кина соопшти дека казнила шест добавувачи на млеко, меѓу кои е и „Fontera“, со вкупно 208 милиони долари за местење на цени.

Квалитетот на млекото е осетливо прашање во Кина откако во 2008 година умреа шест бебиња, а илјадници беа затруени со млеко кое било загадено со меламин. Таа несреќа поттикна многу родители да купуваат поскапо странско млеко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП