29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСами си ‘препишавте’ витамини за да се спасите од ковид? Вимателно!

Сами си ‘препишавте’ витамини за да се спасите од ковид? Вимателно!

Научниците и медицинскиот персонал предупредуваат на неселективна употреба на витамински додатоци среде пандемија на коронавирус, меѓу кои и злоупотреба, односно прекумерно внесување на нутритивни суплементи со витамин Д, што може да има контраефект и да биде многу опасно за здравјето.

Во обид да го подобрат имунитетот и со тоа да се заштитат од коронавирусот, поединци внесуваат поголеми количини на егзогени супстанции или соединенија кои ја менуваат функцијата на ендокриниот систем со брзина на која не е навикнато телото, што може да биде опасно, како на пример со витаминот Д.

На телото му се потребни одредени супстанции за да се развиваат и да функционираат здраво. Некои од нив се витамините кои придонесуваат за правилно функционирање на организмот. Витаминот Д конкретно придонесува за апсорпција на калциум, еден од факторите важни за градење на коските.

Но, тоа не е неговата единствена улога. Подеднакво придонесува за здраво функционирање на нервниот, мускулниот и имунолошкиот систем, поради што за време на пандемијата на коронавирусот, дополнителното количество витамин Д е важно за зајакнување на имунитетот.

И токму тоа е причината поради која многу луѓе започнаа да земаат на своја рака додатоци богати со витамин Д за време на пандемијата, но негативните последици веќе се појавија.

Истражувањата покажаа дека на голем број луѓе заболени од Ковид-19 им недостасува доволна количина на витамин Д, поради што се направи тренд на внесување поголеми количини на овој витамин за заштита од вирусот.

За само неколку месеци, научниците преминаа од предупредување за недостаток на витамин Д кај населението до предупредување за злоупотреба и неселективна употреба на суплементи кои се нудат за зајакнување на имунитетот, пишува шпански Ел Паис.

„Потребата на организмот за витамин Д варира од личност до личност, така што не постои единствено ниво на 25-хидроксивитамин Д кој укажува на недостаток, а во исто време не постои консензус за точното ниво на витамин Д кое би било оптимално за здравје на поединецот“, велат научниците од Националниот институт за здравство на САД.

Витамин Д: Прекумерното внесување може да биде штетно

Тие предупредуваат дека превисоките концентрации на витамин Д во крвта се скоро секогаш резултат на неговото прекумерно внесување преку суплементи во исхраната кои се користат како додаток на вообичаената исхрана и, меѓу другото, може да резултираат со ренална инсуфициенција и аритмија, и во најлош случај, смрт.

Хиперкалцемија кај деца и возрасни пациенти станува се почеста кај оние кои земале повеќе витамин Д отколку што е препорачано за време на пандемија. Американски научници истакнуваат дека секој организам реагира различно.

Во обид за подобро информирање на населението, Националниот институт за здравство на САД (NIH) предупредува:

„Внесувањето на премногу витамин Д може да биде штетно. Прекумерната концентрација во крвта (поголемо од 150 ng / ml) може да резултира со гадење, повраќање, мускулна слабост, дезориентираност, болка, губење на апетит, дехидратација, прекумерно мокрење, зголемена жед, камен во бубрег, откажување на бубрегот, аритмија, па дури и смрт

Бројни здравствени установи ширум светот предупредуваат на прекумерна употреба на додатоци во исхраната „на своја рака“, но се чини дека нивните предупредувања се игнорираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП