19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовак му одговори на Надал: Не сум опседнат со ништо

Новак му одговори на Надал: Не сум опседнат со ништо

Новак Ѓоковиќ му одговори на својот стар ривал Рафаел Надал по тврдењето на Шпанецот дека светскиот број 1 има опсесија да освојува гренд слем турнири и да поставува рекорди, а тој самиот е задоволен од оствареното.

„Секако, сакам да освојувам повеќе гренд слема. Нема сомнеж. Но, никогаш не доаѓам до степенот на Новак, кој е опседнат со ова, пофокусиран. Не на негативен начин, секако. Тој е фокусиран на тие работи и му значат повеќе. Секогаш зборува за рекордите и честитки за тоа. Но, тоа не е мојот приод кон тениската кариера“, изјави Надал.

Србинот одговори дека не е опседнат со ништо во животот, туку дека има „страст и огромна желба“ да поставува нови рекорди.

„Не знам зошто тоа би било лоша работа, не само за рекордите туку и за другите работи, како политиката во тенисот.  Одам напред кон остварување на моите цели и никогаш не сум го криел тоа. Никогаш не ми било тешко да кажам: ‘Сакам да го соборам овој рекорд или да ја остварам таа цел’. Не можам да зборувам за Рафа, не знам како размислува, но има право да го каже своето мислење. Лично, мислам дека не сум опседнат со ништо, само чувствувам страст и огромна желба“, вели 33-годишниот освојувач на 18 гренд слема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП