19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИДесетте милијардери постари од 90 години

Десетте милијардери постари од 90 години

Тие се на возраст над 90 години, но повеќето од нив се уште работат и не планираат наскоро да се пензионираат. Најбогат од нив е Карл Албрехт. Тој не е најстариот, но има најмногу пари, 26 милијарди долари.

Видете кои се милијардери на возраст над 90 години:

Карл Албрехт – 93 години.

aldi

Состојба: 26 милијарди долари.

Држава: Германија.

Место во рангирањето на Форбс за 2012-та година: број 10 во светот и број 1 во Германија.

Тој е основач на синџирот „Aldi“ заедно со неговиот покоен брат Тео. Денес тој има 8.000 продавници на 3 континенти (Европа, Америка и Австралија). Тој е многу таинствен и далеку од секуларниот живот.

Ен Кокс Чамберс – 93 години.

anne(3)

Состојба: 12 милијарди долари.

Држава: САД.

Место во рангирањето на Форбс: број 61 во светот и број 30 во САД.

Таа е ќерка на Џејмс Кокс, кој го основаше „Cox Enterprises“  во 1898-та година.

Сулејман Ал Раџ – 93 години.

slaiman

Состојба: 6 милијарди долари.

Држава: Саудистка Арабија.

Место во рангирањето на Форбс: 198.

Семејството на 93-годишниот Ал Раџ се главните акционери во „Al Rajhi Bank“, која е најголемата исламска банка во светот.

С. Трует Кети – 91 години.

cathy

Состојба: 4.2 милијарди долари.

Држава: САД.

Место во рангирањето на Форбс: 960.

Тој е основачот на „Chick-fil-A“. Компанијата има 1.700 институции во 38 американски држави. Тој е многу религиозен и установите му се затворени во недела.

Алоисио де Андраде Фари – 92 години.

alosio

Состојба: 3.8 милијарди долари.

Држава: Бразил.

Место во рангирањето на Форбс: 255 во светот и број 15 во Бразил.

Тој е банкар по професија и лекар по образование. Син на основачот на „Banco Real SA“. Кога татко му почина, тој застана на чело на компанијата, а во 1998-та година ја продаде на „Dutch bank ABN“ за 2.1 милијарди долари. Потоа основа конгломератот „Alfa Group“.

Карл Влашек – 95 години.

karl

Состојба: 4.8 милијарди долари.

Држава: Австрија.

Место во рангирањето на Форбс: 223 во светот и 3 во Австрија.

Влашек е основач на синџирот „BILLA“. Во 1996-та година тој го продаде за 1.1 милијарди долари. Од тогаш наваму инвестира во имот и ги поседува едни од најелитните имоти во Австрија.

Кирк Киркорин – 95 години.

kirk

Состојба: 3.3 милијарди долари.

Држава: САД.

Место во рангирањето на Форбс: 344 во светот и 135 во САД.

Тој е основач и претседател на „Tracinda Corporation“ (наречен по двете ќерки – Трејси и Линда). Тој е познат по развојот на летувалишта во Лас Вегас.

Ванг Јунг-Тсаи – 92 години.

wang

Состојба: 3 милијарди долари.

Држава: Тајван.

Место во рангирањето на Форбс: 458 во светот и 9 во Тајван.

Тој ја основа „Formosa Plastics Group“ во 1958-та година.

Дејвид Рокфелер – 97 години.

rock

Состојба: 2.7 милијарди долари.

Држава: САД.

Место во рангирањето на Форбс: 491 во светот и 191 во САД.

Рокфелер е најстариот милијардер во светот во моментов. Тој е внук на Џон Рокфелер, основач на „Standard Oil“.

Хари Хилман – 94 години.

henry

Состојба: 2.3 милијарди долари.

Држава: САД.

Тој е најбогат човек во Питсбург. Син на Џеј Хилман Џуниор, кој ја основал „Pittsburgh Coke & Chemical“. Хилман ја наследува компанијата по смртта на неговиот татко во 1959-та година. Тој раководи и со Фондацијата „Hillman Foundation“. Неодамна тој донираше 20 милиони долари за истражување во борба против ракот и 10 милиони долари за детска болница во Питсбург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП