26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИмате несоница? Како да спиете како бебе?

Имате несоница? Како да спиете како бебе?

Ако броењето овци не ви помага да заспиете, вреди да се обидете да си помогнете на себе си на овој начин.

Експертите тврдат дека сокот од вишни помага подолго да спиеме, а истражувањето кое го покажа тоа е спроведено на Универзитетот во Лузијана.

Резултатите на оваа студија покажаа дека овој сок го продолжува сонот во просек за 1 час и 24 минути во текот на ноќта.

Научниците открија дека сокот од вишни содржи компоненти кои го запираат производството на хемикалии во мозокот кои ни го попречуваат сонот.

Исто така, овој сок е богат со процијаниди и антоцијанини, супстанци за кои научниците тврдат дека имаат бројни добри ефекти на здравјето и го намалуваат ризикот од разни воспаленија.

Сокот од вишни го намалува и нивото на кинуренин во крвта, кој се поврзува со лошиот сон.

Научниците во истражувањето заклучиле дека оние кои пиеле сок од вишни секоја вечер пред спиење, во просек спиеле за околу 84 минути подолго.

Вреди да пробате, зарем не?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП