25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали на вашето тело му недостасува витаминот Д

Дали на вашето тело му недостасува витаминот Д

Познато е дека витаминот Д (витаминот кој доаѓа од сонцето) многу тешко се внесува во организмот во доволни количества преку храната, па затоа постојано мора да водите сметка дали го имате доволно во вашиот организам.

Во храната витаминот Д се наоѓа во путерот, млекото, морската риба, како што се лососот, туната, сардината, харингата и во рибиното масло, исто така го има во лушпата од какао, џигерите, жолчката…

Еве неколку знаци кои покажуваат дека ви недостасува витамин Д:

Слабост во мускулите

Ако чувствувате слабост во мускулите, а не вежбате или не сте претерано активни, на мускулите и ткивото им недостасува витаминот Д.

Тага

Според едно научно истражување, луѓето со ниско ниво на витамин Д во организмот почесто патат од депресија.

Поспаност

Една студија од 2012 година конечно покажа дека витаминот Д влијае на сонот, односно колку и да спиете имате чувство на малаксаност.

Мрзливост

Ако често се мрзеливи, знајте дека витаминот Д влијае на нивото на сератонин во вашиот мозок, со што се менува расположението.

Кршливост на коските

Витаминот Д го поттикнува растот на коските, па ако имате недостаток во организмот, вашите коски значително ќе ослабат, со што се зголемува ризикот од кршливост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП