26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКавани одмазднички за „ѓаволите“ да слават кај Тотенхем и Мурињо

Кавани одмазднички за „ѓаволите“ да слават кај Тотенхем и Мурињо

Единсон Кавани постигна два гола, од кој само едниот му беше признат, за Манчестер јунајтед да стигне до одмазничка 3:1 победа на гости кај Тотенхем во меч одбележан со нервоза по бизарната ВАР одлука во првото полувреме.

„Ѓаволите“ пристигнаа во Лондон сеќавајќи се на понижувачкиот 1:6 пораз на „Олд Трафорд“ од тимот на Жозе Мурињо и очигледно мотивирани за победа. Тие веруваа дека дојдоа во водство во 35. минута, кога Пол Погба фантастично го пронајде Единсон Кавани, кој лесно го совлада Иго Љорис. Меѓутоа, судијата Крис Кавано по консултацијата со ВАР одлучи дека дуелот меѓу Скот Мектоминеј и Хеун-Мион Сон е фаул од Шкотланѓанецот.

Уште не стивнаа протестите на Оле Гунар Солскјер и гостинските фудбалери, а Сон во 44. минута ја казни невнимателноста и донесе 1:0 водство на Тотенхем. Јунајтед беа поактивни на стартот на второто полувреме, за во 55. минута да израмнат откако Фред налета на одбиената топка по обидот на Кавани, за уругвајскиот ветеран во 79. минута со „летечки старт“ со глава да донесе 2:1 водство. По неколкуте шанси на Тотенхем, Мејсон Гринвуд во 96. минута доби топка од одличниот Пол Погба за 3:1.

Јунајтед остануваат втори со 63 поени, 11 зад Манчестер сити, но сега дури седум пред Лестер. Шансите за Тотенхем за пласман меѓу топ 4 пак, остануваат на границите на теоријата, бидејќи тие се седми со 49 поени, шест помалку од четвртопласираниот Вест хем, на само седум кола до крајот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП