петок, 27 мај 2022
ПочетнаСПОРТБИЗСпектактакуларно Ел класико – Реал ја победи Барселона

Спектактакуларно Ел класико – Реал ја победи Барселона

Реал Мадрид го доби спектакуларното Ел калсико, кое вечерва се одигра на „Алфредо ди Стефано“, стадионот во Мадрид. Триумфот од 2.1 на Реал му го донесоа Бензема и Крос, додека стрелец за Барселона беше Мингеса. Реал победи во двете меѓусебни средби со Барселона оваа сезона. Инаку, ова е трета победа во низа за „кралскиот клуб“ во Ел класико. Барселона нема победа над најголемиот ривал од 2019 година.

Реал, ја растури Барселона во првото полувреме, што на крајот се покажа како доволно за победа. По исклучително лошото време, во текот на целиот натпревар паѓаше силен дожд, текот на натпреварот го одреди магичниот потег на Карим бензема, кој во 13.минута го совлада Тер Штеген.

Браса, го контролираше поседот, но немаше одговор за брзата транзиција на противникот. 15.минути по голот на Бензема, Тер Штеген уште еднаш капитулираше.

Крос изведе слободен удар, топката на патот до голот удри во лошо поставениот Дест, потоа и во Алба и заврши во голот.

Неколку минути подоцна, Реал пропушти две шанси во неколку секунди, најпрвин ударот на Валверде заврши во дирекот, а потоа ударот на Васкез го одбрани Тер Штеген.

Единствената шанса за гол Барселона ја имаше во финишот на првиот дел, кога Меси директно од корнер ја погоди стативата.

Барселона во вториот дел тргна во тотална офанзива. Жестоко притиснаа кон голот на Куротоа, со сите играчи. Просторот што Барса го оставаше Реал во втриот дел не успеа да го искористи, иако домашните фудбалери имаа неколку добри шанси.

По еден час игра, Барселона намали на 2:1. Стрелецот Мингеса ја искористи лошата комуникација во одбраната на Реал и го совлада Куртоа.
Во 85.минута се случи моментот кој ќе предизвика полемики во шпанската јавност. Невнимателниот старт на Менди врз Брејтвајт, судијата Манзано не го окарактеризира како прекршок, не побара ниту помош пд ВАР-асистентот.

Во последната минута реал остана со играч помалку. Касемиро во 30 секунди доби два жолти картони.

Последната шанса за да го избегне поразот Барселона ја имаше во 94.минута, кога по ударот на Мориба, гредата ги спаси Куртоа и Реал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП