16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Alibaba“ е казнета со скоро 2,8 милијарди долари

„Alibaba“ е казнета со скоро 2,8 милијарди долари

Кинеските власти му изрекоа глоба од 18,2 милијарди јуани (2,78 милијарди американски долари) на кинескиот гигант за електронска трговија „Alibaba“ за злоупотреба на доминацијата на пазарот, објавија кинеските медиуми.

Казната е резултат на истрагата против „Alibaba“ во декември минатата година, објави „Синхуа“.

Владејачката Комунистичка партија ја засили контролата над најголемите кинески интернет компании и компании за онлајн трговија и ги предупреди да не ја користат својата доминација во овој сектор за да ја задушат конкуренцијата.

Државната агенција за регулирање на пазарот денес објави дека „Alibaba“ ја злоупотребува својата доминантна позиција за ограничување на конкуренцијата во трговијата преку Интернет.

„Alibaba“ е најголемата светска компанија за трговија преку Интернет во однос на продажба на стоки преку своите платформи.

Акциите на компанијата паднаа вчера за 2,16% на 223,31 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП