26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Toshiba“ доби понуда да биде купена

„Toshiba“ доби понуда да биде купена

Јапонскиот гигант „Toshiba“ објави дека добил понуда за купување од инвестициската компанија „CVC Capital Partners“ – договор што може да достигне над 20 милијарди долари доколку биде склучен.

Од „Toshiba“ соопштија дека ќе побараат повеќе детали за понудата и внимателно ќе ја разгледаат.

Во последниот ден од тргувањето, пазарната капитализација на „Toshiba“ достигна нешто над 1,7 трилиони јени (15,8 милијарди долари). Дневниот весник „Nikkei“ напиша дека „CVC“ нуди премија од 30%, што сугерира дека предлогот ќе ја процени „Toshiba“ на нешто повеќе од 20 милијарди долари.

Од компанијата „CVC“ одбија да дадат коментар на ова прашање.

Некои акционери на „Toshiba“ неодамна покренаа прашања во врска со корпоративното управување. На специјалното собрание во март, акционерите го одобрија предлогот на „Effissimo Capital Management“ да назначи истражители за да се потврди дали минатогодишното гласање на состанокот на акционерите било праведно.

Странските акционери имаат зголемена улога во јапонскиот индустриски конгломерат, бидејќи тој собра милијарди долари во 2017-та година за да го зајакне својот биланс. Ова се случи по банкротот на американската единица за нуклеарна енергија – „Westinghouse Electric“.

Извршниот директор на „Toshiba“, Нобуаки Куруматани служеше како претседател на јапонскиот оддел на „CVC“ пред да се приклучи на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП