25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСагата со „Archegos“ ја чинеше „Credit Suisse“ 4,7 милијарди долари

Сагата со „Archegos“ ја чинеше „Credit Suisse“ 4,7 милијарди долари

„Credit Suisse Group AG“ објави дека бележи загуба од 4,4 милијарди швајцарски франци (4,7 милијарди американски долари) од односите со фондот „Archegos Capital Management“. Швајцарската банка исто така ја прекинува својата програма за откуп на акции и ја намалува понудената дивиденда.

Банката, кој мораше да отстапи 2 милијарди американски долари од акциите за да ја прекине изложеноста на „Archegos“, исто така, ги објави очекуваните промени во нејзиниот менаџерски тим – главната директорка за ризици Лара Варнер и шефот на инвестициското банкарство Брајан Чин се повлекуваат од функцијата.

Компанијата наведува дека од 1-ви мај, Кристијан Мајснер ќе биде шеф на инвестициското банкарство, а Јоаким Јохслин ќе ја извршува должноста главниот директор за ризици, а Томас Гроцер засега ќе бидат одговорен за регулаторната имплементација во компанијата.

„Значајната загуба во нашиот бизнис со основни услуги поврзана со неуспехот на хеџ фондот со седиште во САД е неприфатлива“, рече Томас Готштајн, извршен директор на банката, цитиран од „Reuters“.

„Beќе се научени сериозни лекции. „Credit Suisse“ останува огромна институција со богата историја“, додаде тој.

„Credit Suisse“ и многу други банки на „Wall Street“ им обезбедија на инвеститорот Бил Хуан, високо-технолошки гуру и на „Archegos Capital“ високи кредитни линии, кои ги користеа за акциите во американски и кинески технолошки компании. Кога цените на акциите паднаа, а банките побараа дополнително обезбедување за кредитните линии на Хуан, „Archegos Capital“ пропадна.

За „Credit Suisse“, колапсот на „Archegos“ дојде само неколку недели по проблемите на друг голем клиент – британската финансиска компанија „Greensill“, која подоцна банкротираше.

Акциите на „Credit Suisse“ поевтинија за четвртина во последниот месец, бидејќи инвеститорите сè уште се обидуваат да го проценат ефектот врз профитот на банката и нејзината сигурност, прикривајќи го инаку силниот почеток на годината.

Проблемите дополнително го зголемуваат притисокот врз извршниот директор Гоштајн, кој се обидува да ја извлече банката од последиците на уште еден скандал, по што си замина поранешниот извршен директор Тиџан Таим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП