4 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Exxon Mobil“ ја подобрува својата состојба, но дали ќе ги надмине загубите?

„Exxon Mobil“ ја подобрува својата состојба, но дали ќе ги надмине загубите?

Во последните неколку недели, финансиската состојба на „Exxon Mobil“ се подобри благодарение на зголемувањето на цените на нафтата и природниот гас. Но, сè уште е нејасно дали компанијата ќе може да ги надмине загубите во последните пет квартали, пишува „Reuters“.

Влијание на приходите имаше ледениот бран што ги зафати САД во февруари.

Минатата година, „Exxon“ ја забележа својата прва годишна загуба во својата историја во услови на пад на цените на нафтата и намалување на производството на рафинеријата. Компанијата ги намали трошоците и презеде голем број реформи, а прогнозите сега се позитивни за првиот квартал од годинава.

„Raymond James & Associates“ проценуваат дека нафтениот гигант ќе забележи профит од 2,55 милијарди долари. Според „Refinitiv IBES“, профитот ќе биде во рамките на 2,34 милијарди долари. Во првите три месеци од 2020-та година, компанијата објави загуба од 610 милиони долари.

На крајот на трговската сесија на 31-ви март, акциите на компанијата се тргуваа по 55,95 долари за акција. Од почетокот на годината, акциите на „Exxon Mobil“ се зголемија за 1/3, според пресметките на „Reuters“.

Ниските температури во февруари во Тексас донесоа загуби од ограниченото работење на производството и рафинеријата од 800 милиони долари.

„Exxon Mobil“ се очекува да го објави својот финансиски извештај за првиот квартал на 30-ти април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП