ПочетнаЗДРАВЈЕПрироден антибиотик приготвен од само неколку состојки од вашата кујна

Природен антибиотик приготвен од само неколку состојки од вашата кујна

Во текот на зимските ладни денови кога помалку се движиме и повеќе јадеме нашиот имунолошки систем е послаб и станува помалку отпорен на надворешните влијанија. Ако ги комбинирате овие пет добро познати „јунаци“ од вашата кујна, резултатот кој ќе го добиете е природен антибиотик кој ќе го заштити вашиот имунитет.

Потребно е:

– 1 чешне лук

– 2 лажици мед

– 2 лажици свеж изрендан ѓумбир

– 1/2 лажици мелена чили пиперка

– 1/2 лажица цимет

– 1 дл свежо цеден сок од лимон

Подготовка

1. Исцедете го лимонот и во него ставете го испасираното чешне лук, ѓумбирот, чили пиперката и циметот.

2. Сите состојки добро измешајте ги и на крајот додадете мед со цел да добиете густа смеса.

3. Мешавината ставете ја во стаклен сад со капак и добро затворете ја. Оставете ја 3 часа на собна температура, а потоа во фрижидер.

Примена:

Консумирајте секој ден по една лажица наутро на празен стомак. Доколку веќе сте настинати консумирајте по три лажици дневно пред оброците.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП