25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на „Xiaomi“ расте, откако „Huawei“ се бори со своите проблеми

Профитот на „Xiaomi“ расте, откако „Huawei“ се бори со своите проблеми

Кинескиот производител на паметни телефони „Xiaomi“ објави раст од 36,7% на нето добивката за четвртиот квартал, додека конкурентот „Huawei“ постепено се повлекува од глобалниот пазар поради санкциите што му ги наметнаа Соединетите држави.

Нето добивката за кварталот што заврши на 31-ви декември се искачи на 3,2 милијарди јуани (491 милиони американски долари), надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите за 2,9 милијарди јуани.

Приходите скокнаа за 24,8% на годишно ниво, на 70,5 милијарди јуани. Продажбата на паметни телефони, кои носат најголем дел од приходите, генерираше 42,6 милијарди јуани за компанијата, што е зголемување за 38,4 проценти.

Во текот на кварталот од октомври до крајот на декември, продажбата на „Xiaomi“ во Кина се зголеми за 52% во споредба со претходната година.

Откако Вашингтон забрани продажба на компоненти што се користат во паметни телефони, продажбата на телефоните на „Huawei Technologies“ потона и во Кина и во странство, според истражувањето на пазарот.

Искористувајќи ја ова можност, „Xiaomi“ и другите производители на паметни телефони базирани на „Android“ го зголемија производството на своите уреди до крајот на минатата година.

Сепак, ова придонесе за континуиран недостиг на чипови, делумно предизвикан од зголемената побарувачка на потрошувачка електроника за време на пандемијата, што ја надминува понудата од производители на чипови, како што е „Qualcomm“.

Во презентирањето на извештајот, претседателот на „Xiaomi“, Ванг Ксианг, рече дека зголемувањето на трошоците поврзани со чипови може да се пренесе на потрошувачите во некои случаи.

„Чувствуваме притисок, но работиме добро“, им порача Ванг на инвеститорите.

Во февруари, потпретседателот на „Xiaomi“, Лу Веибин, го опиша инцидентот како „екстремен недостиг“.

Приходите од продажба на компанијата во странство се зголемија за 27,6% на 33,8 милијарди јуани и сега учествуваат со 47,9% од вкупниот приход.

Покрај тоа, „Xiaomi“ откри дека ќе ги купи преостанатите 50,09% од „Zimi“, производителот на неговите преносни уреди, откако претходно купи малцински удел. „Xiaomi“ тврди дека последната набавка вреди 204,7 милиони долари. За 2020-та година, „Xiaomi“ објави приход од 254,9 милијарди јуани или 19,4% повеќе од една година порано. Прилагодената годишна добивка порасна за 12,58% на 13 милијарди јуани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП