7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Intel“ ќе гради две нови фабрики за чипови во САД за 20...

„Intel“ ќе гради две нови фабрики за чипови во САД за 20 милијарди долари

Американскиот технолошки гигант „Intel“ објави дека ќе инвестира 20 милијарди долари во изградба на два објекти за чипови во Аризона, САД, пренесува „CNBC“.

Со ова, „Intel“ сигнализира дека ќе продолжи да се фокусира на зголемување на производството во услови на индустриски промени што ги принудија конкурентите на компанијата да го поделат операциите по дизајн и производството на чипови.

Одлуката на „Intel“ е поврзана и со тековната криза за снабдување со чипови, изразена во глобален недостиг што принуди голем број производители на автомобили да го намалат производството, предупредувајќи на пад на продажбата во тековниот и вториот квартал од годинава.

Компанијата, сега предводена од новиот извршен директор Патрик Гелсингер, исто така рече дека ќе започне да работи како подизведувач за други компании во секторот кои се фокусирани на дизајн на полупроводници и имаат потреба од производствени капацитети.

„Intel“ додаде дека ќе основа подружница наречена „Intel Foundry Services“, која ќе ја води Рандир Такур, сегашен потпретседател на компанијата.

Посветеноста на „Intel“ е исто така директно поврзана со националната безбедност на САД. Компанијата соопшти дека ќе соработува со „IBM“ за подобрување на снабдувањето со чипови, што „ќе ја зголеми конкурентноста на индустријата за полупроводници во САД и ќе ги поддржи клучните иницијативи на владата“.

Во февруари, американскиот претседател Џо Бајден рече дека домашното производство на полупроводници е приоритет за неговата администрација.

„Intel“ моментално има четири фабрики во САД. Покрај објектот во Аризона, кој ќе биде проширен, групата има и фабрики во Масачусетс, Ново Мексико и Орегон. Исто така, произведува чипови во Ирска, Израел и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП