28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДесет реченици кои ќе ви го променат животот

Десет реченици кои ќе ви го променат животот

Многу реченици, духовни инспирации, лекции за животот и мудри мисли, веројатно сте чуле безброј пати во животот. Некои сте ги запомниле некое време, некои можеби сè уште стојат во вашата глава, а некои „испариле“ за момент како никогаш да не сте ги ни чуле.

Меѓутоа, ако вашата меморија е лоша страна, запишете ги барем овие 10 реченици – кои можат да ви го променат животот доколку ги разбирате на вистински начин и носете ги насекаде со вас како потсетник и ваше животно мото.

Ова се тие 10 инспиративни реченици за подобро разбирање на себе си и на светот:

1. Никогаш нема да промените ништо ако се спротивставите на реалноста. За да промените нешто, изградете нов пристап, покрај кој постоечкиот ќе изгледа застарен. – Бакминстер Фулер, американски архитект и дизајнер

2. Сите размислуваат за промена на светот, а никој не размислува за тоа да се промени себеси. – Лав Толстој, руски писател

3. После една година, ќе посакате да започнавте денес. – Карен Ламб, американска писателка.

4. Доколку ништо не промените, нема ништо да се промени. – Тони Робинс, американски инспиратор и тренер кој наоѓа животна среќа

5. Тешко е јајцето да стане птица, но уште потешко е јајцето да научи да лета. Ние сме слични на јајцата. Не можеме да бидеме обично јајце засекогаш. Или ќе се изведеме или ќе пропаднеме. – Клајв Стејплс Луис, ирски писател и поет

6. Променете се пред тоа да стане неопходно. – Џек Велк, американски бизнисмен

7. Образованието е најмоќното оружје што можете да го користите за промена на светот. – Нелсон Мандела, јужноафрикански политичар, револуционер и филантроп

8. Светот што сме го создале е слика на нашите мисли. Не можеме да го смениме ако не го смениме начинот на кој размислуваме. – Алберт Ајнштајн

9. Не верувајте дека неколку луѓе кои се грижат не можат да го променат светот. Всушност, тие неколку луѓе го менуваат. – Маргарет Мид, американски антрополог

10. Ние не сме најсилните суштества што постојат, ниту најинтелигентните, но ние сме најодговорни за промените. – Чарлс Дарвин, британски научник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП