Тегавецот (Plantago) е билка која често се споменува во традиционалната медицина како одличен лек за бројни воспалителни состојби, хемороиди, кожни заболувања, запирање на крварењето, отстранување на вагиналната инфекција…
Тегавецот расте буквално насекаде околу нас, а малкумина знаат за него. Но, сигурно се сеќавате кога бевте мали дека вашата мајка ви говорела да „ставите тегавец на раната на коленото“.
Тегавецот е одличен лек за белодробната астма, воспаление на алвеола, при кашлица, дури и кај туберкулозата. Добра е за децата бидејќи нејзиниот сок е вкусен, особено кога ќе се заслади со мед. Чајот од листовите се пие што е можно потопол.
Се користи и како лек против кашлица, а помага и кај болестите на мочниот меур, чир на желудникот и дванаесетпалачното црево, гастритис, го регулира хемоглобинот, го подобрува апетитот и расположението.
Листовите на тегавецот содржат танини кои можат да го ублажат претераното менструално крварење, па така помага и во лекувањето на хемороиди.
Тегавецот има и висока содржина на слуз, па благотворно делува на желудникот и цревата.
Освен во вид на чај, можете да го консумирате и така што ќе го додадете во салати.