Технолошкиот гигант „Google“ планира да инвестира 7 милијарди евра во недвижен имот во САД во 2021-ва година, пренесува „CNBC“.
Средствата ќе бидат искористени главно за купување нови канцелариски простори и центри за податоци во 19 држави. Со нив компанијата планира да создаде 10.000 нови работни места.
Повеќе од една милијарда долари од вкупните инвестиции оваа година ќе бидат наменети за Калифорнија.
„Да се собиреме и да разговараме во живо, градејќи заедници – ова е во срцето на корпоративната култура на „Google“. Тоа ќе продолжи да биде важен дел од нашата иднина, затоа планираме големи инвестиции во канцеларии низ целата земја. Вклучувајќи го и нашиот дом во Калифорнија, каде што ќе инвестираме над 1 милијарда долари во оваа година“, изјави извршниот директор на компанијата Сундар Пичаи.
„Alphabet“, матичната компанија на „Google“, ги замрзна своите инвестиции во недвижнини во минатата година во услови на пандемијата со Ковид-19, што доведе до прв годишен пад на приходите на „Google“ во вториот квартал од 2020-та година.
Сепак, планираното проширување на центрите за податоци е потребно поради проширувањето на бизнисот со облачна технологија. Извршниот директор на „Google Cloud“, Томас Куријан, им соопшти на акционерите на компанијата дека главната цел е да се зголеми профитабилноста на поделбата што тој ја предводи.
„Google“ има намера да ги врати своите вработени во канцелариите во текот на есента. Првично, тие се очекува да се префрлат на сегашна форма на работа три дена во неделата од септември.
„Google“ планира да ангажира илјадници нови вработени во своите седиште во Атланта, Вашингтон, Чикаго и Њујорк, како и да отвори нови канцеларии во Сиетл, Хјустон и Мисисипи.