23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„RBI“ оствари профит во 2020-та, најави исплата на дивиденда

„RBI“ оствари профит во 2020-та, најави исплата на дивиденда

И покрај предизвикувачките услови на пазарот и опкружувањето со ниски каматни стапки, „Raiffeisen Bank International“ (RBI) оствари консолидирана добивка од 804 милиони евра.

Покрај овие директни ефекти, пандемијата резултираше со значително намалување на каматните стапки и девалвација на валутите на некои од најголемите пазари на „RBI“.

„„RBI“ влезе во пандемијата со силна позиција на пазарот и затоа постигна задоволителен резултат и покрај многу предизвикувачката околина“, рече Јохан Стробл, извршен директор на „RBI“.

Земајќи ја предвид препораката на ЕЦБ во врска со исплатата на дивиденда, Управниот одбор на „RBI“ ќе му предложи на Генералното собрание на акционерите, закажано за 22-ри април 2021-ва година, исплата на дивиденда од 0,48 евра по акција.

„Ние сме добро капитализирани, што ни овозможува да растеме со нашите клиенти и нашите акционери за да учествуваме во успехот на „RBI““, рече Стробл.

Благодарение на напредокот во вакцинацијата против вирусот Ковид-19, може да се очекува делумно олеснување на сериозните ограничувања во вториот квартал од 2021-ва година. Во комбинација со зголемената побарувачка, како и стимулирање на монетарната и фискалната политика, ова треба да резултира со значително економско закрепнување во текот на годината. После негативниот развој на БДП-то во сите земји од Централна и Источна Европа во 2020-та година, „Raiffeisen Research“ очекува раст на БДП-то од 3,7 проценти во Централна Европа, 4,6 проценти во Југоисточна Европа, 2,4 проценти во Источна Европа и 3,5 проценти во Австрија во 2021-ва година.

Оперативните приходи се намалија за 5 проценти на 5.195 милиони евра, најмногу поради падот на нето приходите од камата за 5 проценти (3.241 милиони евра) и падот на нето приходите од надокнади и провизии од 3% (1.738 милиони евра). Мерките за заклучувања резултираа со пониски приходи, особено во вториот квартал, додека нето приходот од камата беше под влијание на пониски каматни стапки, главно како резултат на пониските основни каматни стапки на некои пазари. Ова беше ублажено со намалување на општите административни трошоци, исто така, за 5 проценти на 2.949 милиони евра. Главните фактори беа намалувањето на другите административни трошоци и ефектите од валутата. Со 56,8 проценти, односот трошок/приход беше за 0,3 процентни поени повисок од претходната година.

Рецесијата предизвикана од Ковид-19 негативно влијаеше на „RBI“, пред се преку загуби на резервации за финансиски средства во износ од 630 милиони евра, од кои 288 милиони евра се однесуваат на фазата 3, односно тие се во неисполнување на обврските.

Со 1,9 проценти, односот на „NPE“ коефициентот беше за 0,2 процентни поени понизок од претходната година, пред се како резултат на зголемениот обем на заеми, бидејќи нефункционалните кредити останаа скоро стабилни поради продажбата и отписите. Соодносот на покриеност со „NPE“ се зголеми за 0,5 процентни поени, на 61,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП